Се ожени пејачот Милан Динчиќ

Милан Динчиќ и неговата избраничка Јелена Секуловиќ склопија граѓански брак во општината Ѕвездара, по што организираа интимна прослава со семејството и пријателите во околината на Белград.

На невестата им кумуваше најдобрата пријателка од детството, додека младоженецот го превзема старото семејно кумство. Поради тоа што новинарката е во седмиот месец од бременоста, двајцата не сакале да прават преголема свадбена забава, за да Јелена нема преголеми стресови околу подготовките. Тоа велат дека ќе го направат по породувањето.

Тие се пресреќни што Јелена носи момче, за кое како што велат сеуште му немаат одбрано име.

„Феноменално чувство. Ќе има и црквена венчавка“, порачал пејачот.

 

 

Scroll to Top