Српската пејачка и водителка Ана Савиќ денеска се породи во родилиштето „Народен фронт“ и роди син, објави српскиот портал „Република“. Ова е нејзино трето дете, таа претходно ја доби ќерката Сена со партнерот Даниел Недељковиќ, со која се породи во декември 2020 година, како и ќерката Лорена, која ја доби во бракот со фолк-пејачот Дарко Лазиќ.
Пејачката во неодамнешното интервју за „Блиц“ зборуваше за тоа како се чувствува во поодмината бременост. Таа тогаш истакна дека не се смета себеси за разгалена трудница и дека бременоста не ѝ е тешка.
„Фала му на Бога, ниедна бременост не ми е тешка. Генерално, многу сум активна, ништо не ми е тешко и на шега можам да кажам дека кај мене блажена состојба ќе ми биде кога нема да бидам бремена бидејќи сум бремена веќе две години“, изјави Ана за „Блиц“ и додаде дека со Даниел ќе добијат син.
Ќерката Сена, која ја доби со Даниел, имаше само една година, но пејачката и покрај бременоста, успеа да балансира сè и да им се посвети на двете ќерки.
„Понекогаш се форсирам бидејќи не сум некој што знае да одмори. Секако, ми се случува да се онесвестам од замор бидејќи не можам да станам и да ја повлечам раката или да легнам и да одморам. Лорена оди на училиште, а Сена е енергична девојка, која го истражува и го запознава светот околу себе, но нивните насмевки прават сè да е полесно“, рече тогаш Ана и призна дека Лорена ѝ помага со помалата ќерка: „Тие две имаат посебен вид љубов и јас секогаш се топам кога ќе ги видам тие прегратки и односот што го имаат“.