Босанец продава билети за погребот на фолк-пејачот Шабан Шаулиќ, пишува „Дознајемо“. Тој пуштил оглас на социјалните мрежи со кој за 40 конвертибилни марки (20 евра) нуди организиран превоз и сендвич за секој што сака да оди на погребот, а потоа и обиколка на Куќата на цвеќето во Белград.
Според српските медиуми, Шабан Шаулиќ најверојатно ќе биде погребан во понеделник. Медиумите пишуваат и дека освен роднините, пријателите и јавните личности, на погребот на фолк-ѕвездата ќе дојдат и голем број фанови.
Шабан Шаулиќ почина во сообраќајна несреќа на 17 февруари, на автопат во Германија.