Се разделуваат Рада Манојловиќ и Харис Берковиќ?

Пејачката Рада Манојловиќ и нејзиниот партнер Харис Берковиќ можно е да стават точка на емотивната врска.

„Не можат да ги усогласат обврските и плановите. Сè што ќе испланираат паѓа во вода и сè помалку се гледаат поради обврските. Од друга страна, Рада е бесна на Харис затоа што премноги ѝ се меша во работата. Ако продолжат вака, секој ќе продолжи по својот пат, и покрај тоа што премногу се сакаат“, вели другарка на пејачката Рада Манојловиќ.

Рада не сакала премногу да зборува за раскинувањето со Харис, но признала дека се расправаат затоа што премногу ѝ се меша во работата.

„И двајцата знаеме како ни е меѓу четири ѕида. Нашите расправии главно се сведуваат на работата. Тоа се расправии околу песните, спотовите, нешто за што имаме целосно поинакво мислење“, раскажала Рада.

„Постојано се си мешаме еден на друг во работата. Мораме еднаш да си кажеме ‘стоп, повеќе не ми се мешај во работата’“ – изјавила Рада, која врската со Харис ја почнала во 2016 година.

 

 

Scroll to Top