Српската пејачка Јелена Карлеуша и нејзиниот сопруг Душко Тошиќ се разведуваат, пишуваат српските медиуми. Фудбалерот одлуката ја имал донесено од порано, но поради смртта на нејзината мајка, Дивна, Душко решил да ја одложи постапката.
Тошиќ контактирал со адвокат и веќе ги има испратено документите за развод на Карлеуша. Негов близок пријател открива дека фудбалерот има намера да го забрза разводот. Душко сака да зачува од својата сеуште законска сопруга, 14 милиони евра кои му следуваат според последниот договор кој го направил со клубот во Кина.
Тошиќ остана покрај Карлеуша во нејзините најтешки моменти. Тој пристигнал од Кина веднаш откако слушнал за мајка ѝ Дивна, вели негов близок пријател.
Душко бил подготвен да ѝ прости на Јелена и да даде нова шанса на нивниот брак, пред се поради децата, но пораките кои таа му ги испраќала на Врањеш биле пресудни за неговата одлука, вели изворот.