Се разведуваат кошаркарот Теодосиќ и глумицата Орашанин

Кошаркарот Милош Теодосиќ и глумицата Јелисавета Орашанин се разделуват. Иако тие важеа за најхармоничен пар на јавната сцена, последниве месеци се во голема криза.  Според курир.рс , кавгите во семејството Теодосоќ станаа секојдневие и веќе се размислува на развод.

“Откако Јелисавета и Тео се венчаа, таа прифати да го следи секаде каде што ќе игра. Пред десетина месеци ја добија ќерката Петра па целиот товар падна на Јелисавета бидејќи Тео е повеќе одсутен отколку што е дома. Почнаа кавга кои се интезивираа последниве месеци“ , открива извор кој додава дека Теодосиќ се повеќе се одалечува од сопругата.

“ Обидите да разговараат и да го решат брачниот проблем завршиле неуспешно, а секој проблем создава хаос во нивниот дом. Тео веќе долго време е нервозен и се труди неговата кариера да не влијае на бракот и семејството. Кога ќе почнат кавгите, тој бега од дома, да не ја слуша Јелисавета и по цела ноќ не се враќа. Таа не се смири и кога Милош потпиша за италијански клуб за да биде поблиску до Србија. Исто така, за инат на Тео, Јелисавета со ќерката се подолго се задржува во Србија, а кога се заедно тие едвај разменуваат по некој збор, најмногу за малата Петра“.

Кога е во Србија глумицата е повеќе со другарките отколу дома.

“ Кога е во Белград, Јелиавата константно излегува со другарките и се однесува како да не е во брак. Сето тоа не му се допаѓа на Тео и во еден момент и соопштил дека мора да се разведат ако продолжи со таквио начин на живот. Сето тоа многу го погоди. Ретко се дружи со пријателите и се обидува да ја сокрие брачната криза “, заклучува изворот.

Scroll to Top