Турската серија „Кога лисјата паѓаат“ која се емитуваше од 2006 до 2010 година стекна голема популарност во Турција, но и во другите балкански земји, меѓу кои и Македонија. Една од препознатливите актерки од серијата беше Шебнем Цечели, која како дете го толкуваше ликот на девојчето Ајша.
Благодарение на изразениот талент и леснотијата со која влегуваше во актерската улога, многумина веруваа дека нејзината актерска кариера ќе продолжи да расте.
Родена во 1998 година, Шебнем учествуваше во уште два кратки филма по снимањето на серијата. Иако нејзината популарност рапидно растеше во Турција и во земјите каде што се прикажуваше серијата, таа реши да се повлече од светот на актерството. Наместо тоа, таа се фокусираше на образованието. Завршила основно и средно училиште, а потоа се запишала на Правниот факултет на Универзитетот Озиегин, каде што дипломирала.
Денеска има 27 години и е речиси непрепознатлива во споредба со периодот кога ја толкуваше улогата на малата Ајша. Наместо актерска кариера, таа одлучила да се занимава со адвокатура, со посебен интерес за медицинското право.
Исто така, во интервјуа за турските медиуми, таа истакна дека одлуката да се повлече од актерството е исклучиво нејзина.
„Кога бев девојче и ми понудија да играм во ТВ серија, моето семејство постапуваше во согласност со мојата одлука во тоа време. Кога заврши снимањето на серијата, се свртев кон студиите”, рекла таа.
View this post on Instagram
Иако не глуми, таа остана во контакт со колегите од сетот. Бену Јилдиримлар, која го толкуваше ликот на Фикрет, најстарата сестра, во серијата, потсети дека Шебнем секогаш била одговорна, вредна и посветена и на училишните обврски и на снимањето.
„Таа порасна со нас. Секогаш беше многу педантна и следеше што правиме. Верувам дека во иднина ќе дознаеме како сме влијаеле на неа. Беше најуморна за време на снимањето на серијата, бидејќи во исто време одеше на училиште и доаѓаше на снимање“, изјавила таа.