Сè што вложивме изгубивме во пожарот, со Брена моравме сè од почеток, Боба Живојиновиќ за почетоците во „Гранд“

Поранешниот тенисер и сопруг на Лепа Брена, Боба Живојиновиќ зборуваше за најтешките денови кои ги имале со пејачката. Рече дека секогаш имале смисла за бизнис, но и дека на патот до успехот наишле на голем број проблеми кои едвај ги надминале.

Со Брена е во брак со децении, а заедно ги имаат синовите Стефан и Виктор. Од претходниот брак, Боба го има и синот Филип. Двајцата со Саша Поповиќ ја основаа „Гранд“ продкција, но по само неколку месеци работа, се соочиле со големи проблеми.

„’Гранд’ продукција ја основав за две недели. Тогаш имав база со заработените пари. Но, по неколку месеци ни изгоре студиото. Сè што инвестиравме преку ноќ исчезна. И тогаш дојде Саша Поповиќ и ме праша што да правиме сега. Му реков дека ќе го направиме уште подобро и поголемо. Морам да му оддадам признание на Саша, тој направи одлична работа во медиумите“, рече Боба.

Некогашниот тенисер се осврна и на бракот со Брен и раскажа интересна шега за нивната врска.

„Цел живот сум сопруг на Лепа Брена. Уште кога бев мал, мајка ми ја глумеше, па јас така заспивав“, рече Боба, кој ја откри тајната на успешниот брак и призна кој е газда во куќата.

„Жената е глава на куќата и Брена го знае тоа. Уживаме, се сакаме и се почитуваме. За време на короната, буквално поминуваме 24 часа заедно. Нашата врска стана уште посилна. Во бракот мора да има почит и компромис“, објасни Боба.

Scroll to Top