Се скараа Јелена Карлеуша и Маја Беровиќ

Пејачката Маја Беровиќ неодамна пееше во еден белградски клуб, а на „Инстаграм“ се пофалила со снимка на која се прикажани голем број луѓе кои го чекаат својот ред за влез на нејзиниот настап.

Под оваа снимка Цеца Ражнатовиќ оставила коментар:

„Браво“, и тоа со три срценца, на што Маја ѝ одговорила „Фала мајко“.

Токму тој одговор на Маја жестоко ги изреволтирал луѓето на социјалните мрежи, а меѓу нив се најде и Јелена Карлеуша, која не можела да се воздржи да не го коментира овој потег.

Имено, откако на „Твитер“ напишала порака што се однесувала на одговорот на Маја, Јелена се надоврзала.

 

За потсетување, Маја и Јелена се сосетки, а извесно време биле и во добри односи. Сега не зборуваат меѓусебе,  што јасно се гледа и од овие зборови.

 

Scroll to Top