Се снима босанска верзија на „Ало, ало“

Тарик Филиповиќ и Емир Хаџихафизбеговиќ ќе ги играат главните улоги во серијата „Хилмијин конак“, чие снимање ќе почне во Сараево кон крајот на февруари следната година. Оваа хумористична серија ќе се снима по теркот на серијата „Ало, ало“, а Хаџихафизбеговиќ ќе биде босанскиот Рене.

Емир Хаџихафизбеговиќ

Сценарист на серијата е Феџа Исовиќ, а режисер е Елмир Јукиќ. Дејството во серијата е сместено во Втората светска војна.

Наводно продукцијата била во преговори со актери од целиот регион и ќе изобилува со разни дијалекти од поранешна Југославија.

Scroll to Top