Се снима второ продолжение на српскиот филм „Муње“

Привршува снимањето на филмот „Муње: Опет“, продолжението на култниот „Муње“ од 2001 година, кој во кината го видоа  600.000 гледачи. „Муње: Опет“ го режираше Радивоје Раша Андриќ, сценариото го напиша Срѓан Алексиќ, а старите добри ликови ги толкуваат истите актери. Филмот ќе се појави во кината во 2023 година.

По Виена, каде што се снимаа сцените од прославата на годишнината од матурата, Андриќ и екипата снимаа во филмско студио во близина на Белград, каде меѓу другото се снимале и сцени од патувањето со автобус.

Во јуни минатата година новиот филм на Андриќ доби поддршка од Филмскиот центар на Србија на конкурс за кофинансирање на продукцијата на жанровски домашни играни филмови со комерцијален потенцијал (комерцијален репертоар филм).

Како што изјавил режисерот Андриќ од филмот завршени се приближно три четвртини.Тој вели дека првиот фил „Муње“ го нема гледано откако филмот е монтиран пред 22 години, па на продолжението му пристапува како на сосема нов филм.

Актерската екипа го предводат ликовите од првиот филм „Муње“, Сергеј Трифуновиќ, Борис Миливојевиќ, Никола Ѓуричко, Маја Манџука и Милица Вујовиќ. Во другите улоги ќе се појават Ивана Зечевиќ, Марко Павловиќ, Стојша Ољачиќ, Влада Ковачевиќ, Драган Маринковиќ Маца, Златија Оцокољиќ Ивановиќ, Бојан Вељовиќ.

Актерската легенда Јелисавета Сека Саблиќ ја игра Смиља Тортура во филмот – соученичка на Марет, на Поп и на Гојк.

Кино дистрибуцијата на оваа долгоочекувана комедија се очекува во 2023 година.

Scroll to Top