Сека Алексиќ не жали за добра кола, вози црн мерцедес од 79.550 евра

Српската пејачка Сека Алексиќ покрај скапа облека, чанти, накит и вилата во Стара Пазова каде што живее со семејството сака и скапи автомобили. Во нејзината колекција е и кабриолетот Мерцедес. Телеграф.рс  ја сликаше пејачката неодамна излегувајќи од еден настан и влегувајќи кон својот автомобил. Станува збор за црн мерцедес . Според податоците од официјалнио сајт за продажба на овој автомобил, пишува дека нејзиниот автомобил чини вртоглави 79.550 евра.

Автомобилот има автоматски менувач и 9 брзини и сите најнапредни додатоци и технологии.

Според медиумите, Сека во својата колекција има неколку возила меѓу кои и  бел „Jeep GL AMG“, за кој издвоила околу 120.000 евра.

 

Scroll to Top