Сека Алексиќ отвора клиника за вештачко оплодување

Фолк-пејачката Сека Алексиќ со сопругот Вељко Пиљикиќ планира да отвори клиника за вештачко оплодување. Тие го имаат синот Јаков, кој е зачнат преку вештачко оплодување, а неодамна Сека повторно ја започнала истата процедура, зашто сака второ дете.

Заради проблемот со кои се соочиле, тие решиле да отворат самите клиника за оплодување и да им помогнат на многу двојки што се соочуваат со истиот проблем денес.

„Апелирам до сите жени што имаат слични проблеми да се одлучат за вештачко оплодување. Најважно е да не губат време, зашто за таа постапка се многу важни годините. Не чекајте, не размислувајте, не плашете се! Апсолутно е безболно, хормоните што им ги даваат на жените се минимални и не влијаат врз килограмите“, изјавила пејачката во едно скорешно интервју.

Scroll to Top