Сека открива: Сама се грижев за синот

Јаков, синот на Сека Алексиќ, ќе полни една година. И додека фолк-пејачката се подготвува за роденденската прослава, најде време да даде интервју за магазинот „Стори“ и ги изненади сите со изјавата.

„Вистински уживам во секој миг од мајчинството. Токму затоа на почетокот самата се грижев за синот и не му дозволував на Вељко да се меша“, рече пејачката и изненади многумина со изјавата.

„Сега Вељко и јас правиме сè заедно. Секако, јас како мајка сум тука за сè што треба за Јаков, а Вељко е грижлив татко и прекрасен сопруг. Навистина не би можела да се снајдам без неговата помош“, застана Сека во одбрана на сопругот Вељко Пиљикиќ.

Scroll to Top