Сека со поддршка на концертот на Дара Бубамара

Сека Алексиќ по одржувањето на концертот во „Штарк арената“ на 14 април ѝ даде силна поддршка на својата колешка Дара Бубамара за нејзиниот претстоен концерт.

Двете пејачки беа во затегнати односи кога Бубамара јавно се спротивстави на тоа дека се противи што Сека го закажала концертот една недела пред нејзиниот, и тоа на истото место.

„Немам коментар. Јас сум позната по тоа што им посакувам среќа на сите и дека сум добар човек. На никого не му посакувам лошо. Во моментот не можам да размислувам за концертот на Сека и се концентрирам само на мојот. Само можам да кажам дека на 21 април публиката може да очекува спектакл“, изјавила Дара Бубамара.

 

 

Scroll to Top