Секој ден носам цвет на неговиот гроб, нема поголема тага од онаа по своето дете: Таткото на Небојша Гологовац за нивната последна средба

Српскиот актер Небојша Глоговац, почина пред четири години од рак. Неговите родители и по четири години се сè уште во тага и болка за која таткото на актерот, отец Милован реши да зборува.

Вели дека сè уште му се свежи сеќавањата од нивната последна средба, дека молитвата е единствено нешто што му помага за да ја ублажи тагата.

„Се сеќавам дека неколку часа пред да почине беше во лоша состојба. Тоа попладне во четвртокот требаше да прими уште една хемотерапија. Со него бевме јас и неговата сопруга Милица. Таа беше цело време со него, беа неразделни. Кога дојдоа медицинските сестри да му дадат терапија, јас си заминав, а Милица вечерта ми се јави и ми рече дека добро ја поднел. Дури и се шегуваше. Следниот ден околу два часа по полноќ, болеста беше посилна и победи. Оддеднаш ни го зеде засекогаш“, раскажал Милован за нивната последна средба.

Во разговорот за српските медиуми татако на Гологовац низ солзи вели дека нема поголема болка за еден човек од тоа да си го погреба сопственото дете.

„Голема е болката, неизлечива, но тоа што Небојша никаде не се посратоми ни дава сила да ги победиме личните страдања. Преку молитвата и вербата и тој живееше и ги надмина сите негови страдања. Молитвата е најдобриот лек. Таа ни дава утеха и надеж. Таа е најдобрата терапија. Ако ја нема, тогаш е само оплакување. Потоа доаѓа безнадежноста, очајот. И дали сме исти по тој ден? Нема поголема несреќа кога ќе се наруши редот и кога човек ќе си го закопа детето. Нема поголема мака од тоа. Но, молитвата му помага на човек на вистински начин да ја поднесе таквата судбина. Верувам дека тој е сега жив со Бога, во еден подобар свет од овој што го остави зад себе“, вели Милован и додава дека нема ден да помине, а да не остави цвет и да не запали кандило на неговиот гроб.

За потсетување српскиот глумец Небојша Глоговац почина на 48 години. Тој во 2018 година беше погребан во Алејата на заслужни граѓани во Белград.

Scroll to Top