Емина Јаховиќ престојуваше во Белград, каде го сними својот нов спот. По завршената работа, на насипот на Сава, каде беше екранизирана нејзината нова песна, остана голема количина на ѓубре.
Револтирани беа и сопсвениците на сплавовите и тамошните мештани, кои собрани во здружението „Зелен рај“, со заедничко соопштение ги повикаа сите да не го загадуваат Белград и крајбрежјето на Сава.
„Срамота е да некој го остава ѓубрето зад себе, уништувајќи ја природата, велат од здружението „Зелен рај“, и додаваат: „Снимањето траеше повеќе часа, па на сите кои работеа и учествуваа во спотот веројатно ќе им биде неопходна и храна, и пијалоци, но она што е неопходно да го направат после тоа, е да го соберат ѓубрето и да го фрлат таму каде што треба да заврши, а никако да не оставаат депонија зад себе, во близина на реката и сплавовите на кои луѓето живеат. Не е важно дали за ова виновна е Емина, или некој од нејзиниот тим, нема да дозволиме никој да го валка најубавиот дел од Нов Белград“, велат од здружението „Зелен рај“.
По реакцијата на здружението, љубителите на Сава „Зелен рај“ и по пишувањата на медиумите, ѓубрето конечно беше отстрането. Луѓето кои го снимаа спотот го однесоа после снимањето ѓубрето и отпадоците, но една тура им остана.
Погледнете ги фотките направени на лице место.