Познатиот светски готвач Нусрет Гокче, познат и како Салт Бае и подготвува вечера на Сверина, а се пофали со фотка. Северина е на одмор во Миконос, Грција, каде Салт Бае ја подготвува не само деликтесната туку и прилично скапата храна.
“Дојде тивко на прсти…“ напиша Северина за Салт Бае
За потсетување, Нусрет се прослави на социјалните мрежи со неговиот посебен начин на сечење и зачинување на месото, а за таквото задоволство, муштериите му плаќаат и по неколку илјади евра. Неговиот ресторан „Куќата на бифтекот на Нуср-Ет“, е место кое е познато по тоа што во него често одат голем број познати личности како Дејвид Бекам, Вејн Руни и Леонардо ди Каприо.
Бае стана популарен во 2017 година. Тој откако ќе го исече бифтекот, го посолува со виткање на лактот. Овој потег му донесе слава и милиони, па сега се повеќе светски градови сакаат да ги имаат неговите ресторани.