Хрватскиот фудбалер, Лука Модриќ, заедно со сопругата и децата го прослави освојувањето на „Златната топка“ .
„Семејството, моето злато”, напиша Лука на фотографиите кои ги објави на Инстаграм. Камерите ги фатија како сите заедно ја бакнуваат „Златната топка“.
Инаку, на официјалниот Јутјуб канал на Реал Мадрид, се појави видео на кое што покажува како семејството Модриќ се подготвуваше за наградата. Социјалните мрежи, исто така, открија дека Лука и Вања Модриќ во Париз ја повеле својата фризерка Антонија Мужар, иако на располагање имале париски фризери.