Сенида нема да ја претставува Словенија на Евросонг во Ротердам, иако се зборуваше дека пејачката на хитовите „Бело“, „Мускули“ и „Слаѓана“, ќе настапи годинава. Таа во моментов е една од најбараните пејачки во регионот. Словенците, претставникот на изворот за најдобра песна на Европа ќе го одберат преку конкурс, кој ќе биде оддржан на 22 февруари. Тогаш, 12 пријавени ќе ги одмерат силите, а Сенида не е меѓу нив.
Пејачката со својот бенд Muff, пред шест години имала желба да ја претстави Словенија на Евросонг, но на тогашниот конкурс завршија на второ место.