Сергеј Трифуновиќ по незгодата која ја доживеа за време на една театарска претстава во Нови Сад, по што мораше итно да биде префрлен во болница, се огласи на социјалните мрежи, велејќи дека се е во ред со неговата состојба.
Трифуновиќ синоќа мораше да биде изнесен од сцената и ноќта да ја мине во болница во Нови САД. Утрово тој се огласи и ги смири загрижените фанови.
„Луѓе, се е во ред со мене. Само мал замор. Влечам некој вирус деновиве. Но, јас сум жив, здрав и ненормален. На публиката во Нови Сад им се извинувам. Ќе се видиме за три дена и ќе уживаме како што треба“, напишал Трифуновиќ на социјалните мрежи.
Ljudi, sve je u redu. Samo mali zamor materijala: em vučem neku virozu danima, em ne stajem. Živ, zdrav, nenormalan. Publici u Novom Sadu se izvinjavam, eto nas za tri dana 25-og, da uživamo kako treba.
— Serge Truffaut (@WhistlerDick) October 22, 2018
На актерот му се слоши синоќа само неколку минути по почетокот на претставата „Воз“, која требаше да биде изведена во Театарот за млади во Нови Сад.
Претставата почнала вообичаено по планираниот тек, со полна сала, и со актерите Сергеј Трифуновиќ и Војо Брајовиќ на сцената. Но, по само пет минути, и двајцата се повлекоа од сцената и долго време не се појавија.
По некое време, Сергеј повторно се појави на сцената и изјави дека се обидел да продолжи, но не успеал заота што не се чувствува најдобро, а публиката ја замоли за разбирање за откажаната претстава.