Сергеј Трифуновиќ го спореди Аушвиц со пушачките комори на аеродромите

Сергеј Трифуновиќ е доста активен на социјалната мрежа „Твитер“, а неговите твитови предизвикуваат толкаво внимание што често стануваат повод за многубројни емисии.

Тој нема влакна на јазикот и е брутален во своите јавни истакнувања. Ниту пцостите ниту навредите не му се проблем во изразувањето.

Овој пат тој ја спореди гасната комора во Аушвиц со пушачките комори на аеродромите.

Судејќи според голем број од коментарите, неговите фанови го осудија ваквиот начин на изразување на актерот. Некои од нив отидоа дотаму што го нарекоа фашист.

 

Scroll to Top