Српскиот глумец и претставник на „Движењето слободни граѓани“, Сергеј Трифуновиќ синоќа патувајќи накај Нови Сад предизвикал сообраќајка на автопатот, пренесуваат српските медиуми. Трифуновиќ со својот автомобил марка „Ауди Q2“, удрил во друго возило со марка „Фиат“, кое возело пред него.
Брзо по незгодата, итната помош пристингала на лице место. Возачот на „фиатот“ бил пренесен во најблиската болница каде е задржан на понатамошно лекување.
Ова не е првпат Трифуновиќ да предизвика сообраќајка. Пред 20 дена глумецот со своето возило удрил во градски автобус во Белград, на булеварот „Михаил Пупин“ во близина на бензиска пумпа. Потоа побегнал од местото.
„Удрив во автобус. Си ја уништив вратата. На него му требаше малку боја, затоа што е силен како автобус. Му кажав на возачот дека ќе треба да одам да им отворам врата на мајсторите и да ги нахранам мачките, па ќе се вратам, затоа што на полицијата сигурно ќе им требаше половина час за да дојдат. Не паркирав во гаражата, туп од напред за да брзо завршам работа. Кога излегов, полицијата веќе дојде и му го собра возилото. Ги молам надлежните органи да ме повикаат на мобилен, затоа што не знам каде треба да одам за да пријавам и да го решам проблемот“, рече тогаш Трифуновиќ.
Тој додал дека не избегал од местото на несреќата како што било пренесено во јавноста. Преку „Твитер“ се јавил во полиција, напишал извештај дека не бил во алкохолизирана состојба. Во јуни 2019 година, Трифуновиќ доживеа уште една незгода откако излетал од патот во селото кај Крагуевац во Србија, откако претходно изгубил контрола.
За среќа и тогаш и сега, глумецот не се здобил со потешки повреди.