Сергеј Трифуновиќ: Зоран Џинџиќ распродаде се за ситни пари, овие само ја довршуваат работата

Сергеј Трифуновиќ, познатиот срспки актер, секојдневно на Твитер изнесува свои мислења на разни теми.

Тој често ја користи својата популарност на оваа социјална мрежа за да ги прозива политичарите.

Овој пат негова места беше убиениот поранешен премиер на Србија, Зоран Џинџиќ, но и оние кои дојдоа на чело на државата по него.

Тој, напишал дека Џинџиќ бил човекот кој почнал да ги распродава фирмите, фабриките и претпријатијата за ситни пари, а дека овие сега што се на власт, ја продолжиле неговата политика.

Под неговиот твит биле напишани разни општи коментари.

Секако ги има и такви кои не се согласуваат со мислењето на овој глумец и критичар на власта.

„Почна Џинџиќ, го усоврши и до лудило тоа Коштуница, овие сега само ја завршуваат приказната“, е еден од коментарите во низата.

 

Scroll to Top