Сестрата на Џорџ Мајкл почина на ист ден како пејачот

Мелани Панајоту (55), сестрата на Џорџ Мајкл, почина на католички Божик, на истиот ден кога пред три години почина нејзиниот брат. Телото на починатата Мелани го нашла фризерката во нејзиниот стан во Лондон.

Џорџ и Мелани биле многу блиски, и таа постојано патуваше со него на неговите турнеи. Таа во ноември го промовираше романтичниот филм „Последниот Божик“. Таму, освен најголемиот хит на Џорџ Мајкл, Last Christmas, се вклучени и уште десетина негови песни. Главната улога во филмот ја има Емилија Кларк.

„Моето семејство и јас се надеваме дека ќе уживате во филмот и музиката на мојот брат. Тој го обожаваше Божик“, изјави Мелани. Таа почина само два дена откако во името на целото семејство преку соопштение се заблагодари на фановите на нејзиниот брат за целата нивна љубов што му ја даваат и по смртта.

За потсетување, Џорџ Мајкл почина на 25 декември 2016 година во неговиот дом во Оксфордшир. Пејачот имаше 53 години.

Scroll to Top