Северина бесна на властите – „вие ми го зедовте детето“

Хрватската поп-ѕвезда Северина Коиќ повторно се огласи по повод одлуката за привремено одземањето на старателството над нејзиниот осумгодишен син Александар и на „Фејсбук“ ги обвини владата и лошиот систем.

За потсетување, пред единаесет месеци судот одреди привремена мерка според која Северина повеќе не може да живее со Александар.

Детето сега живее со таткото Милан Поповиќ, а таа има право да го посетува секој вторник и четврток од 15 до 20 часот и секој втор викенд, од сабота во 10 часот до недела во 20 часот.

„Единаесет месеци не е приврмена мерка. Единаесет месеци е одземање на детето од мајката. Госпоѓата судијка, која ја пресуди оваа мерка, и понатаму го одолжува случајот, веројатно до некое ново скијање со еден клиент. Во меѓувреме малиот Ивица изјави дека ќе се бори против корупцијата во судството, а малиот Перица се чуди што едно момче пукало на владата, а потоа и во себе. Перице, луѓето почнаа да пукаат затоа што социјалните служби ви потфрлија. Имате лош систем. Што се однесува до мене, вие двајца ми го киднапиравте детето“, напишала Северина на „Фејсбук“.

Пејачката досега неколкупати се има огласено на социјалните мрежи во врска со судењето со својот поранешен партнер и старателството над синот Александар. Таа на 17 март оваа година дојде во Белград да го види синот, но Милан, како што вели таа, тоа не ѝ го дозволил тоа.

Северина сними и видео што го сподели на социјалните мрежи во кое таа стои пред зградата на Поповиќ и бара да го види Александар. Пејачката објаснила дека тој ден бил вторник, денот кога има дозвола да биде со синот во периодот од 15 до 20 часот.

„Тука стојам веќе 10 минути и ѕвонам на станот. Денес, според пресудата, е мој ден кога треба да бидам со детето од 15 до 20 часот, но татко му не ми го дава. Прогласи самоизолација додека луѓето нормално шетаат на улица“, изјавила Северина на видеото.

„Покрај коронавирусот, јас водам и своја борба и се надевам дека легитимните тела во Хрватска, кои треба да реагираат, ќе го видат моето видео. Не ми го дава детето да го видам ниту преку балкон“, додала таа.

Голем број од балканските јавни личности ѝ излегоа во пресрет на Северина и ѝ ја дадоа својата поддршка. Меѓу нив беа и Јелена Карлеуша и Наташа Беквалац.

Scroll to Top