Северина ѝ честиташе роденден на својата внука

Северина по скандалите со фотографиите на кои е разголена повторно се појави на јавна сцена. Преку социјалните мрежи, пејачката во друштво на својата внука Мија Поповиќ ѝ го честиташе роденденот.

„Имам среќа што си моја и што си ми испратена. Мој ангел, соборец и понекогаш Алис Купер. Среќен роденден. Твојата тетка е горда на тебе“, напиша Северина на објавената фотографија.

По аферата со фотографиите на разголената хрватската пејачка Северина, медиумите  пишуваа дека нејзиниот брак со Игор Којиќ се распаѓа. Северина не даде никаква изјава, и покрај пишувањата, но и кога беа објавени фотографиите, туку реши да сподели нивна заедничка фотографија под која напиша „Ние“.

Scroll to Top