Северина често беше хистерична, а сигурен сум и дека се дрогира: Милан Поповиќ не престанува јавно да ја плука хрватската пејачка

Поранешниот партнер на хрватската поп-sвезда Северина, Милан Поповиќ, ја обвини пејачката дека го запоставила синот Александар бидејќи верува дека таа со години користи наркотици. Тој во интервју на телевизијата „Хепи“ рече дека Северина е хистерична, дека барала од него да се откаже од својот син, но и дека е лоша мајка која не го однела детето на училиште 46 дена по ред без никакво образложение, па Александар за малку ќе морал да ја повторува годината.

Тој раскажал дека врската со Северина траела шест месеци. Вели дека првите три од нив биле убави, а последните три поминале во караници по што се разделиле.

„Најдов докази дека Северина не се грижела за детето. Сѐ е приказна за медиумите, дека е грижлива мајка, дека јас ѝ се одмаздувам. Таа сè уште зборува за тоа, таа сè уште зборува за инает и од љубомора. За мене, таа емоционална врска заврши по шест месеци. Имавме врска три месеци, другите три поминаа во несогласувања. Јас доаѓав, па си заминував кога имаше хистерија од нејзина страна и обиди за кавга. Со овие огромни промени во расположението, можат да бидат поврзани само со зависност од нешто, не знам што е нормално воопшто, без навреда, психоактивни супстанции, како и да е. Јас сум повеќе од сигурен, кога побарав да се тестираме за дрога за да имаме повеќе доверба еден во друг, таа одби, изби расправија, како сум можел да ја прашам да го стори тоа. На крајот, разговарајќи со експерти, сфатив дека тоа е главната причина за тие осцилации, со кои не сакав да се занимавам“, рече Поповиќ.

 

 

„Јас не сум сопруг на Северина, не успеав да бидам нејзин сопруг. Но не е точно сѐ што пишува во медиумите или што вели Северина. Причината зошто судот пред две години пресуди во моја корист беше затоа што таа не го однела детето на училиште 46 дена пред таа пресуда. Тогаш Центарот за социјална работа донесе одлука дека сѐ треба да биде поделено пола-пола, сите празници, но кога детето оди на училиште, да биде со мене за да можам да го однесам на училиште. Тој мораше да полага за да не ја падне годината. Среќа во несреќата беше короната, наставата беше онлајн, па јас и тој интензивно работевме еден на еден два месеци за да може конечно да положи. Не е вистина кога таа вели дека системот ја малтретирал, дека ѝ го одзел детето. Таа е медиумска личност, медиумските личности живеат од вести, фотографии, од текстови, какви и да се. Еднаш ми го цитираше Горан Бреговиќ: Пишувајте што сакате, само ставете добра слика од мене“, вели Милан во интервјуто.

Тој вели и дека јавното мислење не треба да биде воопшто важно во нивниот спор за старателство.

„Никој не пишува за повеќето други конфликтни разводи. Ниту еден развод не е лесен, особено за дете. Партнерите го надминуваат разводот, се дистанцираат, стануваат имуни, но за децата тоа е долгорочно страдање. Секое дете ќе ви каже дека неговата најголема желба е тато и мама да бидат заедно. Александар не се обиде да нѐ помири, не е во ред да зборувам за него бидејќи не е овде за да го каже своето мислење. Јас го почитувам него и неговата приватност и не би сакал да зборувам за него. Факт е дека децата, без разлика дали се од конфликтни разводи или не, тие подеднакво ќе ги сакаат мајката и таткото и дека во животот ќе им требаат и мајка и татко. Родител кој не ја признава потребата на детето да има слобода, да се чувствува подеднакво со двата родители, според мое мислење, не е компетентен родител“, додаде Поповиќ.

 

Scroll to Top