Северина денес го прослави 45 роденден

Пејачката Северина Којиќ денес го прославила својот 46 роденден. Забавата ја направила во Шведска каде ќе одржи концерт, а честитки стигнаа од сите страни.

„Ти си голема љубов, ти си се што со години посакувам“, и рекол музичкиот менаџер Едвин Сотфтиќ. Пејачката му одговорила дека таа всушност се родила денот кога го родила чудото од син Александар (6), а попатно се пофалила и со фотографија од детството.

Хрватската пејачка веќе со години го слави роденденот во кругот на пријателите и семејството, а најдраг ѝ е, како што самата вели синот со кого Северина го има од претходниот брак со Милан Поповиќ.

На забавата неизоставен е и поранешниот голман Игор Којиќ, за кого Северина тајно се омажи во 2015 година. Два месеци потоа подготвија забава за 500 гости во Белград.

 

 

Scroll to Top