Северина ја откри формулата за брачната идила

Хрватската пејачка Северина Којиќ за хрватски Story вели дека ја знае формулата за брачната идила.

„Љубов, слобода, меѓусебно разбирање и почитување, искрен однос, пријателство, тоа е формулата за брачна идила“, изјавила Северина.

Пејачката во последно време е малку активна на социјалните мрежи, а за неодамнешните објавени фотографии од Африка, Севе вели дека ѝ разбудиле убави спомени.

„Тоа се стари фотографии, кога бевме со Игор во Занзибару. Се зезавме со тоа што се венчавме по африканските ритуали. Љубезната Словенка Метка ни ја организираше церемонијата на плажа. Убавите Масаики дојдоа и нè облекоа, а потоа ме однесоа до младоженецот. Мене ми остана само да се препуштам и уживам. Важно е да не давате отпор“, изјавила Северина за магазинот Story.

„Прво ќе се пронајдете себеси, а потоа лесно ќе ја пронајдете и сродната душа. Тајната среќна врска е во малите работи, но и љубовта, слободата, меѓусебното разбирање и почитување, искрениот однос и пријателството. Сето тоа го пронајдов во мојот сопруг“, изјавила Северина и додала дека Денот на вљубените ќе го прослави со својот сопруг.

Северина вели дека во Африка многу ѝ се допаднало. Таа и Игор пливале со желките, а посетиле и неколку школи и градинки. Севе вели дека со Игор досега успеала да се венча дури трипати. Првата венчавка се случила на 25 септември 2015 година во Истра. Потоа следеше венчавката во Белград на 22 ноември истата година, а на почетокот на декември минатата година на својот профил на „Инстаграм“ објавила фотографии од венчавката во Африка.

 

View this post on Instagram

 

Divni običaji..sramežljivo drmuskam ramenčićima 😎 #tb #zanzibar #tanzania #volimstosevolimo #ljubavseljubavljuvraca

A post shared by Severina Kojic (@severina) on

Scroll to Top