Хрватската убавица Северина, вчрашниот ден го помина во дружба со новинари и обожавателите, а ја имаше главната задача да го затвори Пиво Фест 2017.
Пејачката вчера настапи на пивскиот фестивал во Прилеп, а за публиката подготви многу изненадувања. Пред неа настапија Димитар Андоновски и Тајфата и македонските, а светски познати Џамбо Агушеви. По нив, настапи Северина, чиј концерт беше втор за неа на Пиво Фест.
Северина својот настап го најави со изведба на антологиската „Македонско девојче“ која ја испеа беспрекорно: