Северина не го дава пасошот на синот, нова драма меѓу пејачката и поранешниот партнер

Со пресудата на хрватскиот основен суд, Северина Којиќ привремено остана без старателството над синот Александар. Таа овој пат не го давала неговиот хрватски пасош, спречувајќи го да излезе од Хрватска.

Овој потег на никого не му е јасен, со оглед на тоа што досега многупати таа и Поповиќ го разменувале тој пасош, кога некој од нив го носел детето надвор од Хрватска. Многумина го толкуваат ова како уште едно непочитување на одлуките на судот.

Оние кои ја држат страната на Поповиќ мислат дека на овој начин таа сака да го спречи да ги види своите браќа кои живеат во Србија. Наводно, Поповиќ ги презел сите потребни мерки за да го врати пасошот на својот син, а Северина е должна тоа да го направи, според пресудата на судот во Загреб.

Scroll to Top