Северина: Никогаш повеќе нема да одам во Србија додека е на власт диктатор од кого бегаат и Србите

Хрватската пејачка Северина синоќа околу 19 часот била сопрена на српската граница, а потоа надлежните органи спровеле постапка, како и за сите чии изјави српските државни органи ги сметаат за сомнителни.

Во таа прилика пејачката се огласи и директно ги нападна властите во Србија нарекувајќи го претседателот Александар Вучиќ „диктатор“.

„Нема да одам во Србија додека е диктаторот на власт“, ​​изјави пејачката за 24сата.хр.

Таа истакна дека нема ништо против српскиот народ, но дека не го сака режимот во Србија и дека е свесна дека нејзиното незадоволство го дели и српскиот народ.

„Србија, те сакам… и сакам што побрзо да станеш демократска. Но, никогаш повеќе нема да дојдам во Србија додека овој човек не се тргне од власт. Сите добро знаеме кој. А каква е оваа влада кога се плашат од моето мислење?“, изјави пејачката.

Scroll to Top