(Видео) Северина освои со новата песна

Северина ја промовираше својата нова песна „Магија“. Песната е направена во соработка со Јала Брато. Новата песна пејачката ја објави на својата фејсбук-страница. Спотот го режираше Анте Шкрубе.

Северина и во новото видео покажа дека е најголемата ѕвезда на Балканот. Освен вокалната изведба, пејачката добро се снашла и во кореографијата.

Пејачката доби голем број  комплименти откако го промовираше спотот, а видеото има голема гледаност.

„Вие сте мојата магија“, им напиша Севарина на своите обожаватели.

„Сè почна едноставно. Се обидовме да споиме некои наши желби и стилови за на крајот да добиеме вистинска магија. Песната е магична на свој начин и верувам дека никој нема да остави рамнодушен“, вели режисерот Анте Шкрубе.

Од тимот со кој соработувала велат дека било огромно задоволство да се работи со неа. Северина покрај пеењето, одлично ја извела кореографијата додека се снимал спотот.

Scroll to Top