Северина потврди дека се разведува со Игор Коиќ по шест години брак

Пејачката Северина Којиќ потврди дека се разведува со Игор Коиќ. Тие беа шест години во брак, а последните година дена живееја одвоено. Лани тие јавно се препукуваа, а сега Северина ја потврди веста за медиумите во Хрватска.

„Одлуката за разводот ја донесовме заедно и со договор. Нема дополнително да коментираме како што не го коментиравме ни во периодот кога не бевме заедно. Мојата посветеност за синот и борбата за старателството ми се во фокус изминатите 20 месеци. Игор беше прекрасен партнер, ни даваше поддршка целото тоа врме кога ми беше тешко во мојот живот и му ја посакувам сета среќа на светот. Знам дека сум јавна личност, но, јас не сум вреќа за удрање“, напиша Северина.

Процедурата околу разводот заврши вчера, во четвртокот, во судот во Загреб, само пет дена откако го поднеле барањето. Веста ја објавија вечерта, а Северина сега веста ја потврди за „Јутарни весник“.

Пејачката избегнуваше претходно да дава коментари за разводот, поради споровите кои ги води со нејзиниот поранешен партнер српскиот бизнисмен, Милан Поповиќ.

 

Пејачката целата година додека беа разделени, живееше во својот пентхаус во Загреб, додека Игор остана кај неговите родители во Белград. Како што велат соседите, тие во април минатата година, додека биле кај родителите на Игор, во Белград, за време на карантинот, имала жестока расправија.

Причината била желбата на Северина да го преуреди базенот, за да може да позира покрај него и да објавува фотографии на социјалните мрежи. Таткото на Игор, Кеба, не дозволил, па Северина кога излегла од куќата го прекршила полицискиот час и добила казна од полицијата.

Потоа соседите на Северина велат дека го виделе Игор кај неа како и помага да се исели и како ги носел нејзините работи во станот во Загреб. Пијар тимот на Северина ги негираше ваквите гласини.

За потсетување, Северина и Игор беа шест години во брак. Тие се венчаа на истарските Балами во 2015 година во кругот на семејството. Кај матичар беа месец дена потоа во Белград. Третата церемонија се случи во Африка во 2018 година. Тогаш на Занзибар имаа традиционално племенско венчавање. Пред црквеното венчавање во Истра, тие беа во врска четири месеци. Се запознаа во Белград.

 

Scroll to Top