Северина наводно во петокот поминала два часа во полициска станица на разговор поради пријава од директорката на основното училиште „Матија Губец“, Лилјана Клингер, која тврди дека 10 март пејачата и претела.
-Постапката се врши во тајност, потпишавме изјава и поради тоа не можеме да ви кажеме ништо – рекол адвокатот Матиќ, а истото го потврдила и Северина која била изненадена кога ги видела новинарските екипи пред полициската станица.
Настанот се случил наводно на 10 март оваа година кога Северина со својот сопруг Игор Којиќ околу 15 часот пристигнала во школото по својот син, но на Игор не му било дозволено да го земе момчето по што Северина и рекла на директорката дека тоа не е во ред и дека ќе се видат во суд .
„Ти си следната, тешко тебе“, наводно рекла пејачката.
Токму оваа последна изјава е причината поради која директорката покренала постапка во полиција .