Северина се сели: луксузниот стан во Загреб ќе го замени со куќа во помал град

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ од Загреб се сели на помирно и помало место. Таа со години поседува пентхаус во Загреб, која сега ќе го замени со куќа во градот Самобор. 

Пејачката минатата година се разведе од сопругот Игор Коиќ, а сега наводно планира да се пресели во Самобор и да живее заедно со мајка си Ана и сестрата Миа Поповиќ.

Самобор е мал град во Хрватска, на 30-ина километри од Загреб, и има 37.000 жители.

Северина не планира да го продаде својот луксузен стан во Загреб, туку да го изнајми и да се пресели во помирна средина со своите мајка и сестра, како и синот Александар.

Scroll to Top