Северина се смири со менаџерот, работат на нова песна

Поп-пејачката Северина се смири со нејзиниот менаџер Томислав Петровиќ, пишуваат хрватските медиуми. Како што пренесува „Слободна Далмација“, двајцата повторно соработуваат.

Северина и Томислав соработуваат повеќе од 17 години, сè додека во март минатата година не се разделија. Пејачката беше во центарот на вниманието на медиумите поради кризата во бракот со Игор Којиќ, но сега некои од работите се подобруваат во нејзиниот живот, велат нејзини пријатели.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, Северина и Петровиќ работат тајно веќе некое време. Двајцата работеле во студиото во Загреб на новата песна на Северина. Пејачката на социјалните мрежи најави и концерт за ова лето. Првиот ќе го има на 11 јули во родниот Сплит.

 

Scroll to Top