Хрватската пејачка Северина го испрати нејзиниот син Александар во училиште и напиша дека не смее да споделува фотографии од него како другите мајки. Таа го сподели неговиот цртеж и се пофали дека Александар почнал да оди во трето одделение.
„Автор на цртежот е Александар. Им посакувам среќа на сите родители. Се вооружувам со многу трпение, но за разлика од другите родители, јас не смеам да објавам фотографија од него. Затоа можам да го објавам цртежот на кој сум многу горда. Среќно љубов моја“, напиша Северина.