На свеченото отворање на 24 Сараево Филм Фестивал гостин беше и Северина која во црвен тепих прошета во друштво на сопругот Игор Којиќ. За оваа прилика, пејачката се одлучи за фустан од њујоршкиот бренд Proenza Schoulder, идентичен каков што во 2015 година го носеше холивудската оскаровка Кејт Бланшет.
Северина на црвениот тепих поставен пред Народниот театар во Сараево прошета во црн фустан со вметнати ракави и слоевити волани во долниот дел одвони со бела линија. Фустанот е закопчан до грло и долг до глуждовит. Посебна сензуалност дава резот на предниот дел на половината кој ја открива голата кожа. Половианта на овој тоалет е во центарот на вниманието и поради украсите во облик на машна.
Северина креацијата целосно ја дополни со елегантни црни потпетици и зелена торба со округла рачка од модната куќа Chole.
Речиси идентична креација како на Северина носела и славната холивудска актерка Кејт Бланшетпред три години на една свеченост во Лондон. Двата фустани се разликуваат единствено по комбинацијата на бојата. Фустанот на Кејт е бел со црни детали.