Северина за дружбата на бившите мажи: Нереална е нивната средба, но на сè има крај

Хрватската пејачка Северина првпат проговори за пријателството помеѓу нејзините бивши сопрузи, Милан Поповиќ и Игор Коиќ. Пејачката за српски „Стори“ го коментира нивното пријателство и вели дека не е шокирана од нивната дружба, ниту од фотографиите на кои позираат прегрнати.

„Прва асоцијација ми беше песната на Франо Ласиќ – ‘Прегрнати’. Си помислив: ‘О, боже, нереална е нивната средба, токму како во стихот: Прегрнати бевме ние, одеднаш тоа се случи, ниту тебе ниту мене никогаш не ми беше така. Погледнете ги божјите патишта, неочекувани се. Затоа, јас верувам, како што верувам и во изреката, дека на сè има крај“, изјавила Северина.

Бившите сопрузи на Северина во последните неколку месеци сè почесто се дружат. Пријателството помеѓу Поповиќ и Коиќ почна ова лето кога Милан беше гостин на роденденот на Игор.

Северина зборувала и за разводот со Игор Коиќ.

„Јас заминав во тишина. И ќе останам да се држам до тоа“, рекла пејачката.

Таа во 2015 година се омажи за Игор Коиќ, а се разведе во 2021 година.

Scroll to Top