Северина за телевизиски проект ќе добие хонорар од 12.000 евра од едно појавување

Пејачката Северина ќе биде дел од нова телевизиска програма во Хрватска, а за оваа соработка ќе добие хонорар од 12.000 евра дневно. Станува збор за музичко шоу кое наесен ќе се прикажува во Хрватска, а во жирито покрај Северина и Тончи Хуљиќ ќе се појават и Филип Милетиќ и Ника Турковиќ, пренесува 24сата.хр.

Во моментов пејачката е актуелна со настапи во различни градови во Хрватска, но и со објавување на нови песни и спотови кои ќе се најдат на нејзиниот нов албум.

Scroll to Top