Шабан го именуваше концертот по својот хит

Иако до концертот во „Штарк арената“ на 6 октомври има повеќе од половина година, Шабан Шаулиќ веќе почнал со подготовките за музичкиот спектакл, а меѓу првите одлуки била името на концертот.

Изборот падна на неговиот голем хит „Уште оваа ноќ“.

„Една од најтешките одлуки со кои се соочувавме беше изборот на репертоарот. Смисливме концепција каква што не е видена на овие простори затоа што нашата желба е сите кои ќе дојдат на концертот да уживаат во неповторлив настан. Баш поради тоа, поради должината на траењето на концертот, како и фактот дека ова е последна можност публиката да ги слушне сите мои хитови на едно место, одлучив концертот да го наречам ‘Уште оваа ноќ’“, изјавил Шабан.

Како што вели, поради незапаметениот интерес, билетите ќе бидат пуштени во продажба нешто порано, за сите кои ќе сакаат да присуствуваат на концертот да имаат време да си набават билет.

 

Scroll to Top