Шабан јавно ја посрамоти победничката во шоуто „Задруга“ Кија Коцкар

Еден од најголемите фолк-пејачи на овие простори, Шабан Шаулиќ проговори што навистина мисли за шоута од типот на „Задруга“. Пејачот не се штедеше ни во критиките кон победничката во првата сезона Кија Коцкар.

„Во ваквите шоуа влегуваат луѓе кои немаат занимање. Никој кој работи, нема да ја остави својата работа и да влезе во вакво шоу. Таа победничка веројатно добила отказ, немала повеќе работа како стјуардеса, па решила да се проба во шоуто. Некој кој има златен бизнис и работа, нема да ги напушти за да влезе во ваква авантура. Никој со норамална работа, а ги има многу луѓе, нема да се впуштат во вакво нешто“, изјавил Шабан.

Наскоро се очекува да почне продолжението на шоуто „Задруга 2“.

 

 

Scroll to Top