Шабан не сака да биде дворски шут во „Ѕвездите на гранд“

Фолк пејачот Шабан Шаулиќ неколку години беше дел од проектот „Ѕвездите на гранд“, но денес вели дека по ваквото искуство повеќе не бил истиот, и дека тој доколку би бил на местото на натпреварувачите никогаш не би се пријавил на истото.

„Сакав да помогнам поради Саша Поповиќ на почетокот. Тогаш барав адекватни луѓе за натпреварувањето. Но, кога сето ова се претвори во малтене ријалити шоу, излегов затоа што неможев повеќе да поднесам. Тоа едноставно не беше за мене, не ми прилага на мојот карактер за да изигравам дворски шут“, вели Шабан.

„Мене тоа сега ми личи на ријалити. Од тоа се прават смешки. Ништо не е сериозно. Ме навредува тоа што натпреварувањето се одвива меѓу млади момци и девојки, а тие се ставен во трет план. Што ќе сум им таму. Да ме зезаат? Таму никој и не оценува. Вистински глупости и зезање. Повеќе не се важни тие деца и нивниот талент, важно е што работи жирито и како се препукуваат. Затоа велам, јас никогаш не би се пријавил“, вели Шаулиќ.

„Секоја чест на колегите и колешките, тие можеби си ја работат својата работа онака како што вели газдата и домаќинот на фирмата. Па така тие и се однесуваат. Јас тоа не го знам, ниту сакам да го знам, а на нив секоја чест“, додава пејачот.

 

 

Scroll to Top