Шабан повеќе не е во „Пинкови Ѕвезди“

Публиката од есен повеќе нема да го гледа пејачот на народна музика во популарното натпреварување.Шабан Шаулиќ повеќе нема да биде дел од „Пинкови ѕвездички“, музичкото натпреварување во кое седеше во црвената фотелја како член на жирито.

Причината поради која публиката нема да го гледа пејачот од септември на малите екрани е дека Шабан на есен се враќа во „Гранд“, продукциската куќа за која ќе издаде и нов албум.

По претставувањето на новиот албум, Шабан наводно ќе почне со прошталниот концерт на турнејата по целиот Балкан и ширум Србија, така да поради обврските нема да биде во можност да учествува во „Пинкови ѕвезди“, а со „розевата“ телевизија останува во добри односи

Scroll to Top