Марија Шерифовиќ објави нова фотографија со синот Марио, кој ја изненади пред еден од нејзините последни концерти.
„Сите ме прашуваат – Како можеш? Како пееш така трета вечер по ред? Зошто не се штедиш? Од каде ти е толку многу љубов? Па како ќе издржиш уште две ноќи? Па чувај се, Марија! Еве од каде е… Дојде синоќа, не ни знаев дека ќе дојде. Се гушкавме 15 минути и сите батерии отидоа на 90%. Твое е само тоа што го даваш“, напиша 40-годишната пејачка во описот на објавата, воодушевувајќи ги обожавателите.
Марија и за Денот на жената објави фотографија со синот.
„8-ми март конечно има смисла. Мојот најубав живот, моето најмило сонце, мило мое, моето најубаво момче, моето зелено око… Те сакам до неистражените галаксии“, изјави тогаш Шерифовиќ.