„Син ми е Хрват“ – кај Северина проработе национализмот

Откако пред судот во Хрватска се избори подеднакво да минува време со синот, српскиот бизнисмен Милан Поповиќ не може да се договори со хрватската пејачка Северина Којиќ околу запишувањето на Александар во школо.

Судот претходно донел решение дека тие мораат заеднички да се договараат околу сите важни аспекти за неговиот живот.

Северина сега бара Александар да оди во хрватско школо, а Милан Поповиќ сака да го запише во американско, интернационално. Тие биле на 11 јуни на рочиште во Хрватскиот општински граѓански суд во Загреб.

Северина одбивала секакво решение кое го нудел Милан. Таа инсистирала Александар да биде запишан во Основното школо „Јордановац“.

Милан Поповиќ во желбата да му овозможи квалитетно образование на својот син, смета дека најдобро би било да го запише во американско, интернационално школо од приватен карактер.

Неговата намера е Александар да научи повеќе јазици, да ги прошири своите видици и да ги добие сите можни услови за да ги развие своите потенцијали и таленти. Тој побарал да ги сноси сите трошоци од целокупното школување.

Милан Поповиќ во својот исказ изјавил дека не е можен договор меѓу странките, и дека пред судот веќе изнел дека Северина ги повредила одредбите на Семејниот закон и конвенцијата. Не ја интересирало неговото мислење, а исто така не ја интересирале ни програмите за школување на детето.

Во судницата во еден момент настанал општ хаос. Северина покажала домашна некултура.

Пејачката бесна пред судијата и нејзиниот син му се обратила на Милан Поповиќ.

„Александар пред се е Хрват!“.

Милан Поповиќ и одговорил:

„Ма како пред се е Хрват?“

Северина продолжила:

„Мора да оди во хрватско школо!“.

Инаку Милан Поповиќ пред судот изложил и важечки список во кој се гледало дека  дека во интернационалното американско школо детално се учи и хрватскиот јазик.

На крајот Северина се свртела кон Милан и  го нарекла „сељачиште!“.

Милан Поповиќ не ги коментирал ваквите навреди.

 

Scroll to Top