Синот ја малтретирал со години, па избегала во прифатилиште за жртви на семејно насилство: Тажната судбина на актерката Весна Пеќанац

By

Популарната југословенска актерка Весна Пеќанац, која публиката најмногу ја памети по улогата на Јека од серијата „Ѓекна не е умрена, а кога ќе умре, не знаеме“, била жртва на семејно насилство. По смртта на сопругот, режисерот Живко Николиќ, таа преживеала вистинска драма, оти нејзиниот синот почнал да ја малтретира. Глумицата се спасила криејќи се во прифатилиште за жртви на семејно насилство.

Весна целиот живот го помина во театарот и снимајќи филмови. Најпознатите улоги ги играше во филмовите на својот сопруг, „Убавината на порокот“ и „Чудо невидено“. Голем дел од својот живот го помина и во „Ателје 212“. Иако ја обожаваше својата професија и велеше дека никогаш не сака да се пензионира, поради семејните трагедии се повлече од сцената. За кратко време ги загуби сопругот и родителите и не можеше да поднесе да гледа како луѓето околу неа се среќни, пишуваат српските медиуми. По ова таа падала во тешка депресија.

„Во текот на бомбардирањето Живко пропадна. Почувствував голема, преголема болка. Едниот син замина да се замонаши. Ми рече: ‘мене сите бедеми ми се срушени’. Останав да зјапам во ѕид, паднав во депресија. Некогаш бевме големо, среќно и сложно семејство. Не можев да играм, побарав пензија. Работата на комичарот е да им дарува радост на луѓето, а јас немав повеќе радост“, изјави Весна пред многу години и откри како живееле.

„Пензијата беше седум илјади динари. Бевме гладни. Мислев дека поради тоа изгубив голем дел од меморијата. Една хумана шефица во самопослугата во близина на домот, со години ни даваше храна на кредит, ги сакаше филмовите на Живко. Уште беше жив. Се сеќавам дека еднаш добив некои пари и можев да избирам дали да одам на пазар или нејзе да ѝ вратам дел од долгот. Сепак заминав на пазар. Од торбите ми ѕиркаше младиот кромид и вртев низ цел кварт за да не ме види. Му раскажав на Живко“, рекла таа.


По смртта на сопругот, животот ѝ се претворил во пекол. Во јавноста почна да се пишува дека синот ја малтретира.

„По смртта на сопругот Весна живее страшен живот и постојано води битка со синот, кој неколкупати вербално дури и физички ја малтретираше“, открил нејзин сосед за српските медиуми во 2006 година.

Актерката тогаш побегнала од семејниот дом во прифатилиште за жртви на семејно насилство за да се спаси од малтретирањето на синот.

„Сиротата жена немаше излез и побегна од домот. Засолниште и дом најде во една невладина организација, која ја спаси од насилството прифаќајќи ја под својот покрив. Животниот пат на Весна стана многу тежок по смртта на Живко. Во осумдесеттите години таа замина во Америка со синовите и со сопругот. Кога стигнале во Холивуд, виделе дека тука за нив нема место и еден ден се спакувале и се вратиле назад во Југославија. Заминаа во Црна Гора, каде што Живко почина во 2001 година. По неговата смрт таа е врати во Белград со синовите за да се школуваат. Тогаш почнаа нејзините маки, кои ете се завршија во прифатилиште за жртви на семејно насилство“, раскажал пријател близок на семејството.

За наводната злоупотреба од синот, Весна никогаш јавно не прозборе.

Ќе ви се допадне

ANIMEFLIX dragon ball super animeflix: Attack on Titan Season 3 (https://animeflix.nl/m/oDb3) Episode 12

4Anime tower of god 4anime: JoJo's Bizarre Adventure: Golden Wind (Dub) Episode 39