Синот на Брена има нова девојка

Синот на Лепа Брена и Боба Живоиновиќ, Виктор, е во врска со пејачката Лена Чолак. Како што пренесуваат медиумите во Србија, тој не сака да ја запознае со мајка си затоа што се плаши како таа би реагирала.

Лина е позната по настапот во „Ѕвездите на Гранд“, шоу што претходно беше во сопственост на Брена. Препознатлива е по нејзината коса, која од едната страна е бела, а другата црна. Популарноста ја стекна и со учеството во емисијата Ami G Show.

По професија е учителка, а има настапувано и во театри.

„Виктор и Лена се познаваат веќе некое време затоа што таа беше ангажирана да пее на приватните забавни на семејството на Брена. Уште тогаш му се допадна на Виктор, но сѐ досега ништо се нема случено меѓу нив. На Виктор му се допаѓа затоа што е амбициозна и спонтана, особено му е мило што не гради кариера преку скандали“, рече анонимен извор за „Стар“.

Нејзината најпопуларна песна е „Мајко“, која на „Јутјуб“ има повеќе од 1,5 милион прегледи. На „Инстаграм“ ја следат повеќе од 100.000 луѓе, а таму често објавува провокативни и разголени фотографии.

„Двајцата наводно се гледаат во тајност затоа што Виктор не е подготвен да ѝ каже на Брена за неа. Брена се надева дека тој ќе се смири со бившата, која ја сака како ќерка“, рече изворот.

Scroll to Top